Multiple Vendors DLL Hijacking Exploits

Токму така :)

H D Moore (Metasploit Project) по изјавувањето дека пронашол 40-тина ранливости во Microsoft производи, на 22-ри август го објави и приборот за ревизија на DLL библиотеките и нивно “киднапирање” или hijacking. Се работи за DLLHijackAuditKit v2 со кој извршувате проверка за сите екстензии регистрирани во вашиот систем и нивни соодветни библиотеки, како и нивна експлоатација. Приборот се користи едноставно, ревизијата трае од 15-30 минути и потоа се креираат експлоатациски кодови во фолдер Exploits кои можете да ги користите за било какви цели :)

Повеќе: http://blog.metasploit.com/2010/08/exploiting-dll-hijacking-flaws.html и http://blog.metasploit.com/2010/08/better-faster-stronger.html.

Се разбира, тимот на Zero Science Lab за да не остане покус, изврши ревизија и на еден од своите лабораториските системи и пронајде доста ранливости кои следуваат…

- Adobe Device Central CS5 v3.0.1.0 (dwmapi.dll) DLL Hijacking Exploit

- Adobe Extension Manager CS5 v5.0.298 (dwmapi.dll) DLL Hijacking Exploit

- Adobe ExtendedScript Toolkit CS5 v3.5.0.52 (dwmapi.dll) DLL Hijacking Exploit

- CorelDRAW X3 v13.0.0.576 (crlrib.dll) DLL Hijacking Exploit

- Corel PHOTO-PAINT X3 v13.0.0.576 (crlrib.dll) DLL Hijacking Exploit

- Google Earth v5.1.3535.3218 (quserex.dll) DLL Hijacking Exploit

- Media Player Classic 6.4.9.1 (iacenc.dll) DLL Hijacking Exploit

- Microsoft Office PowerPoint 2007 v12.0.4518 (pp4x322.dll) DLL Hijacking Exploit

- Nullsoft Winamp 5.581 (wnaspi32.dll) DLL Hijacking Exploit

- Microsoft Visio 2010 v14.0.4514.1004 (dwmapi.dll) DLL Hijacking Exploit

Откако беше објавен DLL Hijack Audit Kit v2 приборот, во светот се објавија повеќе од 100-тина експлоити во рок од неколку дена, поради кое, Microsoft реагираше веднаш со објавување на алатка која ги заобиколуваше овие слабости.

Извор: http://www.computerworld.com/s/article/9181518/Microsoft_releases_tool_to_block_DLL_load_hijacking_attacks?taxonomyId=17&pageNumber=1

Алатката можете да ја преземете на следниов линк: http://support.microsoft.com/kb/2264107 (услов: валиден оперативен систем)

Вакви експлоити сеуште се објавуваат додека го читате текстов и е застрашувачки. Внимавајте од кого преземате податоци и бидете безбедни.

Досега, најбрзо објавување на ваквите експлоити можете да ги пратите на Exploit-DB: http://www.exploit-db.com/local/

Zero Science Lab

Comment are closed.