IT.com.mk награди 2010

Македонскиот портал за информатичка технологија IT.com.mk за прв пат организира награди за најдобрите и најиновативните на македонската ИКТ сцена во 2010 година.

„Како медиум за информатичка технологија кој се стреми кон иновативност и креативност, ги организираме овие награди со цел да ги мотивираме сите интернет корисници, од индивидуални ентузијасти до ИТ компании и да го разбудиме ИТ потенцијалот во земјата.” – вели Дамјан Арсовски, уредник на IT.com.mk. IT.com.mk наградите ќе се одвиваат во две фази преку страницатa – http://www.it.com.mk/nagradi , и тоа:

1. Прва фаза – од 01.11 до 10.12- во која интернет корисниците ќе ги пријават своите фаворити во категориите:
•„.мк сајт на годината”
•„ИТ личност на годината”
•„ИТ компанија/организација на годината”
•„#mkfail на годината”.

2. Втора фаза – од 10.12 до 22.12 – во која корисниците ќе може да гласаат за сите пријавени конкуренти од соодветната категорија. Победниците ќе бидат прогласени на 26-ти декември, 2010 г. според гласовите на публиката и жирито составено од основачите на IT.com.mk (гласање: 70% публика, 30% жири), и ќе им биде доделено официјално признание од страна на организаторот.

Победниците од категориите “.мк сајт на годината” и “ИТ компанија на годината” ќе добијат и посебна реклама на сајтот кој има строго сегментирана публика и над 90.000 посети месечно.

Правилата на IT.com.mk Награди 2010 се на следниов линк: http://it.com.mk/it-com-mk-nagradi-2010-pravila/

  • Trackback are closed
  • Comments (0)
  1. No comments yet.

Comment are closed.