Twitter се приклучи на иницијативата на Mozilla да се воведе „Не ме следи“ опција која ќе им овозможи на корисниците да му кажат на сервисот за микро-блогирање да не им ги собира личните информации. Оваа опција е достапна веќе година дена на Firefox прелистувачот, и, иако е лесна за користење и препорачлива за секој кој... […]
Агенцијата за електронски комуникација ја избра компанијата „Веселин“ да го дигитализира аналогниот сигнал на националните и регионалните телевизии. Директорот на АЕК, Роберт Ордановски, вели дека „Веселин“ за две недели ќе добие лиценца за национален оператор за дигитална телевизија и ќе биде обврзан да им обезбеди на четирите национални и локалните телевиз […]
ИТ министерот Иво Ивановски вели дека на Светскиот самит за информатичко општество во Женева, Македонија е оценета од страна на Обединетите Нации како една од најдобрите земји во светот кога станува збор за развој на широкопојасен интернет, високиот степен на застапеност и новата генерација на мобилни мрежи. Оваа е голема пофалба за „информатичкото општество […]
Facebook претстави нова iOS апликација Pages Manager која ќе им овозможи на админстраторите да ги менаџираат своите фан страни. Апликацијата вклучува пишување на статусти, прегледување на активноста на фановите, пристап до алатките за аналитика, или на кратко, целосен пристап до Admin Panel. Бесплатниот Pages Manager е достапeн во App Store во САД и Нов Зела […]
Google на својот блог наменет за слободен софтвер проекти објави пост за македонската слободен софтвер заедница. Ок, постот не е напишан од Google, туку од Тамара Атанасоска, член на оваа заедница и студент на Google Summer of Code. Но, сепак самата објава на официјалниот блог е одлично признание за работата на оваа заедница. Тамара во... […]
Google полека, но сигурно започнува да го воведување долгоочекуваното семантичко пребарување што комплетно ќе го промени начинот на како наоѓаме информации на интернет. Новината, сега позната како Knowledge Graph, треба да ви ги донесе резултатите кои ги посакувате без да се губите по веб страни и линкови. Сега со Кnowledge Graph кога ќе пребарувате термин.. […]
Новиот iPhone ќе има 4-инчен екран, малку поголем од 3,5 инчниот кој го видовме на сите пет генерации на паметниот тeлефон од Apple, дознава Wall Street Journal повикувајќи се на анонимни извори блиски до компанијата кои велат дека Apple нарачал поголеми екрани од своите азиски партнери. Информацијата подоцна беше потврдена и од Reuters. Но, освен... […]
Новиот iPad сега е достапен во Дуна Компјутери, кои се официјалниот партнер на Apple продукти во Македонија. Таблетот беше достапен на македонскиот пазар уште од мај, но oд неофицијални претпродавачи. Најголемата новина во новиот iPаd, кој е трета верзија на популарниот компјутер, е Retina дисплејот со висока резолуција од 2048 x 1536 пиксели. Работи на... […]
ИТ министерството го претстави Е-потсетник, нов веб сервис кој преку SMS порака или имејл ќе ги потсетува граѓаните за нивните административни обврски како пријавување на новороденче, лиценца за категоризација на хотели, издавање на работни дозволи за странци, потсетување за дозвола за поставени реклами на државни патишта и други досадни административни рабо […]
Основната цел на веб сервисот „Мое осигурување, мој доктор“ е скратување на времето, намалувањее на гужвите и полесно остварување на правата како на осигурениците така и на избраните лекари, вели Фондот за здраствено осигурување на Македонија. „За да се користат овие услуги потребно е да се има само компјутер интернет и мало познавање за истите.“... […]