Archive for February 21st, 2010

Тројански Коњи – Проклетство на дигиталниот свет [e-book]

Тројански коњи


Во недостаток на литература од областа на информационата безбедност во Македонија, авторот на ова дело, Стефан Јовановски, успева на еден поинаков начин да го истакне значењето на безбедноста во ИТ секторот, како кај обичните корисници така и кај оние што професионално се бават со информатичката технологија.

Тој во оваа книга нé води од самите почетоци на “Тројанскиот Коњ”, како и концептот на користење на овој вид на малициозни кодови и заштита од истите. Ботови, вируси, црви, сврзувачи, HEX едитори, заобиколување на антивирусните софтвери и т.н. се дел од оваа книга кои авторот преку примери ни илустрира подетално како овие злонамерни, а од друга страна и корисни програми секојдневно се применуваат во нашите кибер животи.

Се надевам дека оваа книга ќе поттикне и други ИТ ентузијасти да размислуваат за важноста на овој сегмент од информационата технологија.

Читајте тука: TrojanskiKonji.pdf [8.28 MB]