Archive for April 7th, 2010

IT.com.mk v3.0

Токму така, IT.com.mk во ново руво со верзија 3.0. Среќен роденден IT.com.mk (3 years). t00t w00t!

IT.com.mk е македонски портал за информатичка и комуникациска технологија кој со својот концепт на работа и дизајн се разликува од другите портали на македонскиот веб простор прифаќајќи ги и користејќи ги модерните дигитални решенија да промовира и објавува ИКТ содржина.

Целта на порталот IT.com.mk е да овозможи на своите посетители:

  • да се запознаат со Информатичката Технологија
  • да бидат секојдневно информирани со најновите ИТ вести од светот и Македонија
  • да пристапат до едукативен материјал на разни теми
  • да прегледуваат видеа за технологијата и нејзиниот развој
  • да објавуваат сопствени мислења на разни ИТ теми на интерактивни сервиси како што се првиот македонски ИТ форум.
  • да научат како да ги користат ИТ производите и да ги одберат вистинските за своите потреби

Дали сте само почетник или имате големо познавање за ИТ технологијата, вие сте добродојдени на IT.com.mk. Вашето мислење ќе биде ценето на форумот , а истовремено ќе добиете соодветни совети и информации за најновото и најдоброто во дигиталниот свет од преку 5.000 членови.

Преку комбинација на мислења на посетителите и авторите се овозможува создавање на објективни информации и нови идеи.

Порталот започна со работа на 21 март во 2008 година, додека првиот македонски ИТ форум започна една година порано, на 21 март во 2007 година. Повеќе интересни факти поврзани со сајтот може да пронајдете на следниов линк.

Портал за информациска технологија