Archive for May 15th, 2010

Правилник за безбедност на информациски системи [MIO]

Објавен на 12.05.2010, предлог-правилник за безбедност на информациски системи од Министерство за информатичко општество на Република Македонија.

“Врз основа на член 32 став 3 и член 33 став 2 од Законот за електронски управување (“Службен весник на Република Македонија” бр.105/09), министерот за информатичко општество донесе

ПРАВИЛНИК ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ИНФОРМАЦИСКИТЕ СИСТЕМИ

Член 1

Со овој правилник се пропишуваат стандардите и правилата за безбедност на информациските системи коишто се користат од министерствата, другите органи на државната управа, организациите утврдени со закон и други државни органи, судовите, јавните обвинителства и државното правобранителство, правни и други лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања, органите на општините, на градот Скопје и на општините на градот Скопје (во натамошниот текст: орагни), за комуникација по електронски пат при размена на податоци и документи во електронска форма, односно остварување на административни услуги по електронски пат.”

Повеќе: http://www.mio.gov.mk/files/pdf/dokumenti/pravilnik/7.Pravilnik-informaciska_bezbednost.pdf