Тројански Коњи – Проклетство на дигиталниот свет [e-book]

Тројански коњи


Во недостаток на литература од областа на информационата безбедност во Македонија, авторот на ова дело, Стефан Јовановски, успева на еден поинаков начин да го истакне значењето на безбедноста во ИТ секторот, како кај обичните корисници така и кај оние што професионално се бават со информатичката технологија.

Тој во оваа книга нé води од самите почетоци на “Тројанскиот Коњ”, како и концептот на користење на овој вид на малициозни кодови и заштита од истите. Ботови, вируси, црви, сврзувачи, HEX едитори, заобиколување на антивирусните софтвери и т.н. се дел од оваа книга кои авторот преку примери ни илустрира подетално како овие злонамерни, а од друга страна и корисни програми секојдневно се применуваат во нашите кибер животи.

Се надевам дека оваа книга ќе поттикне и други ИТ ентузијасти да размислуваат за важноста на овој сегмент од информационата технологија.

Читајте тука: TrojanskiKonji.pdf [8.28 MB]

WordPress Exploit Scanner 0.95

Интересен плагин за вашите WordPress инсталации за проверка на безбедност на целата структура на вашиот сајт. Датабази, конфигурациски фајлови, стари верзии, пермисии, ранливости и т.н.

За повеќе инфо: http://ocaoimh.ie/exploit-scanner-095/ или http://wordpress.org/extend/plugins/exploit-scanner/

WordPress Exploit Scanner

Hello / Здраво

Welcome to Zero Science Lab blog. Here we will publish stuff related to information security and notifications from Zero Science Lab team, but also, we will publish random thoughts and findings that we will come up with on the Internet that deserves your attention.

Thank you and visit us again and again ;)

/

Добродојдовте на блогот на Zero Science Lab. Тука ќе постираме работи што се поврзани со информациска безбедност и известувања од тимот на Zero Science Lab, но исто така ќе објавуваме и различни мисли и пронајдоци на кои ќе наидеме на Интернетот што го заслужуваат вашето внимание.

Ви благодариме и посетете не’ пак и пак ;)